Вучиќ посочи што жртвувала Македонија, а сепак не почна преговори
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш не ги отвори пристапните преговори, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија.
„Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите“, кажа Вучиќ.
Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.
