Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ порача дека од Македонците не бара ништо освен да бидеме браќа и пријатели

Вучиќ порача дека од Македонците не бара ништо освен да бидеме браќа и пријатели

Ние сме најголеми пријатели на Северна Македонија, и не бараме од нив ништо за возврат, oсвен да бидеме пријатели и браќа, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој вели меѓудржавните релации се на највисоко ниво.

„Ние сме единствените кои не им бараме промена на името, знамето, јазикот, ниту што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Ништо не бараме од нив. Освен да бидеме во најдобри можни односи, да бидеме пријатели и браќа“, кажа Вучиќ.

Во анкетата под наслов „ Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите”, 39 отсто од испитаниците ја посочиле Србија за најголем пријател на Македонија, а на второ место се САД со 17 отсто. Српскиот претседател ја искоментира анкетата на Имиџ опсерваторијата дека Македонците за свои најголеми пријатели во соседството ги сметаат Србите. И во други истражувања претходно Србија била најголем или меѓу  најголемите пријатели на Македонија. Имало и анкети на кои граѓаните се изјаснувале и дека Турција ја сметаат за голем пријател на земјава. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести