Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ положи заклетва како нов претседател на Србија

Вучиќ положи заклетва како нов претседател на Србија

Избраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, положи заклетва во парламентот на земјата и  e инаугуриран како шеф на државата со петгодишен мандат.

Откако прво поднесе оставка како премиер на Србија, Вучиќ положи заклетва како претседател, положил рака врз копија од најстариот српски пишан споменик - Мирославовото евангелие од XII век, и на уставот на земјата:

„Се заколнувам дека ќе ги посветам сите свои напори за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Србија, вклучувајќи  го Косово и Метохија, како составен дел од неа, како и за почитувањето на правата и слободите на човекот и малцинствата, за почитување и заштита на уставот и законите, зачувувањето на мирот и просперитетот на сите граѓани на Република Србија, и совесно и одговорно да ги исполнувам сите мои службени должности“, рече на свечена церемонија Вучиќ. 

На церемонијата присуствуваа досегашниот претседател Томислав Николиќ, претседателот на Република Српска во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, лидери на политички партии, претставници на Словенија, Унгарија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Австрија, амбасадори.

Пред зградата на Собранието се собраа неколку илјади луѓе кои му аплаудираа на новиот претседател.

Слично

Поврзани вести