ВУЧИЌ ПОКАНЕТ НА СВАДБА КАЈ ШРЕДЕР: Ќе се жени по петти пат
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, доби покана од поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер да му биде почесен гостин на свадбата која, по венчавката со Корејката Сојеон Ким, ја закажал за 5 октомври во Берлин.

Според германскиот печат на свеченоста ќе присуствуваат и други ВИП-гости, како и голем број политичари од различни делови на светот, според „Танјуг”.
Поканата упатена до Вучиќ не изненадува, затоа што Шредер негува долгогодишно пријателство со Вучиќ, кого во неколку наврати го поддржа доаѓајќи во Белград, а и во изборните кампањи.
Шредер, инаку, на 2 мај се ожени со својата долгогодишна пријателка Сојеон Ким во Сеул. За Шредер ова е петти брак, а втор за неговата 25 години помлада сопруга, која е преведувач.
Свадбата ќе биде организирана за семејството и пријателите во елитниот хотел „Адлон” во близина на Бранденбуршката порта, а меѓу гостите, според шпекулациите на германските медиуми, може да се најде и рускиот претседател, Владимир Путин.
73-годишниот Шредер, кој поради четирите бракови го заработил прекарот "човек ауди", по четирите круга на логото на тој германски автомобил, одлучил на лудиот камен да застане и со Ким Со Јеон.Нивната врска излегла во јавност во септември, кога Дорис Шредер Копф, четвртата сопруга на Шредер, во текот на разводот рекла дека Ким играла улога во распадот на нејзиниот брак.
