Вучиќ поднесе оставка
Српскиот премиер Александар Вучиќ поднесе во Собранието на Србија оставка од функцијата претседател на Владата на Србија.
„Почитувани согласно член 132 став 2 од Уставот на Р.С., поднесувам оставка на функцијата претседател на Владата на Србија. Оставка на функцијата поднесувам поради стапување на должноста претседател на Републиката по изборите на кои сум избран за претседател на Србија, одржани на 2 април“, наведе Вучиќ во оставката.
Собранието на Србија оставката на претседателот на Владата ќе ја констатира во среда на посебна седница во 11 часот, а потоа во 12 часот, Вучиќ ќе положи заклетва и ќе ја почне должноста претседател на Србија.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти новата Влада ќе биде избрана до 20 јуни. Дотогаш со Владата во технички мандат ќе претседава нејзиниот прв потпретседател Ивица Дачиќ.
