Вучиќ: Планирам да поднесам оставка за три-четири месеци, веќе ги пакувам книгите во кабинетот
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека планира да поднесе оставка за „три до четири месеци, можеби и порано“.
„Почнав да ги пакувам книгите во кабинетот. Ги прашав пријателите кој може да прими 500 книги, ќе подарам 1.200 кои ги имам добиено за време на мандатот на некоја установа, уште размислувам на која“, рече Вучиќ за Радио Белград.
Исто така тој додаде дека секој ден размислува за сопствената кандидатура за премиер, како и за нова кандидат за претседател на актуелната власт.
„Тоа ќе биде некој поодговорен, се осмелувам да кажам и пообразован, поеергичен и човек кој знае што е држава. Секако дека ќе биде пообразован од нивните два кандидата (ректорот Владан) Ѓокиќ и (кошаркарот Дејан) Бодирог“, рече Вучиќ.
Тој најави денеска дека на митингот што ќе се одржи на 27 јуни во Белград ќе ќе излезе со името на листата на СНС за претстојните предвремени парламентарни избори, за кои рече дека ќе се одржат за неколку месеци.
Тој го кажа ова, додавајќи дека изборите нема да се одржат во јули и август.
„Избори ќе има за неколку месеци. Дали ќе се одржат за три или за четири месеци, тоа е веќе друго прашање, техничко прашање…Ќе почекаме овој најбогатиот дел од Србија да се врати од Шпанија, Португалија и сите останати дестинации, и да уживаат во текот на летото. Нема да се одржи ни во јули ни во август, тоа е сигурно. А, дали ќе бидат распишани, тоа е друга рабтоа, но нема да биде во јули и август, рече Вучиќ.
Зборувајќи за најавениот митинг на 27 јуни во Белград, Вучиќ ги повика сите граѓани да дојдат, да слушнат, како што рече, убава порака.
Тој изјави дека на тој ден државата ќе излезе со план и програма, но името на листата на СНС ќе биде познато и пред најавените предвремени избори.
фото принтскрин
