Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Ова е катастрофа, ќе прогласам вонредна состојба!

Вучиќ: Ова е катастрофа, ќе прогласам вонредна состојба!
Српскиот премиер Александар Вучиќ информираше дека две лица загинале како последица на поројните дождови и поплавите кои зафатија огромен дел од Србија. Тој најави дека денеска ќе прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава. Ваквиот чекор го побарал Републичкиот штаб за вонредни ситуации. Тоа значи ангажирање на сите расположливи капацитети за справување со оваа елементарна непогода, појасни Вучиќ. „Ова е најголема катастрофа која не се памети во историјата на Србија. Никој не може да ги победи водата и огнот и затоа е најважно да ги сочуваме човечките животи“, нагласи српскиот премиер. Во поплавите во Србија досега животите ги загубија едно лице кое одбивало да се евакуира и еден пожарникар кој учествувал во операциите за спасување. Во голем дел од земјата, во прекин е снабдувањето со електрична енергија, како и повеќе патни правци, на кои има одрони.
Слично

Поврзани вести