Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ освои апсолутно мнозинство во српскиот Парламент

Вучиќ освои апсолутно мнозинство во српскиот Парламент
Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ освои околу 50% од гласовите или 160 пратенички места во 250-члениот српски Парламент, покажуваат првичните проценки на невладиниот Центар за слободни избори и демократија (ЦЕСИД), кој го следи текот на изборниот процес во Србија. „СНС ќе има апсолутно мнозинство од мандатите во Парламентот и не гледам дека тоа би можело да биде доведено во прашање“, објави директорот на ЦЕСИД Марко Благојевиќ. Според податоците на оваа невладина организација, околу 50-тина од мандатите ú припаднале на коалицијата предводена од Социјалистичката партија на Србија на досегашниот премиер Ивица Дачиќ. Шанси да го поминат цензусот за влез во Парламентот имаат Демократската партија на Драган Ѓилас, Новата демократска партија на Борис Тадиќ и Демократската партија на Србија на Војислав Коштуница, кои и ако го поминат прагот ќе имаат исклучително мал број пратеници. Одреден број мандати ќе им припаднат и на припадниците на националните малцинства во Србија.
Слично

Поврзани вести