ВУЧИЌ ОСТРО ПРАШУВА-ЗОШТО ВИКАТЕ СРБИ ВО „ВАГНЕР“: На Србите им е забрането да водат војна во Русија и Украина
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ги коментираше
наводите дека членовите на платеничката група Вагнер се во Србија и дека го
зајакнуваат своето влијание на територијата на Србија, како и наводната покана на Русија до Србите да се борат за нив во Украина.
- Тоа е ноторна лага! Го примивме секој човек од Руската Федерација, нивниот јазик е прифатен овде. Сите земји се согласија на 35 декларации против Русија, сите освен Србија. Но, не е фер некого да викаат Вагнер. Српскиот закон им забранува на Србите да водат војна на територијата на Русија и Украина - рече Вучиќ и додаде:
- А што и правиш на Србија? А зошто викате некого од Србија во „Вагнер“ кога знаете дека тоа е спротивно на нашите прописи – вели Вучиќ.
Да потсетиме, во медиумите се појави информација дека руската паравоена формација „Вагнер“ се шири надвор од Русија, пред се во Србија.
Како што напиша „Политико“, членовите на Вагнер пристигнаа во Белград во декември минатата година, со цел да го запрат антирускиот наратив во Србија.
Групацијата Вагнер е основана од рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, познат и како „Готвачот на Путин“. Станува збор за платеници кои се бореле во Сирија, Ирак, Авганистан и се осомничени за бројни воени злосторства. Затоа, Соединетите Американски Држави и Европската Унија воведоа санкции за членовите на Вагнер.
