Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем

Вучиќ: Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем

Она што се случува во Македонија не е повеќе само македонски проблем, туку е проблем на сите нас кои живееме тука, изјави српскиот премиер, кој е избран за претседател, Александар Вучиќ. 

Тој апелираше до граѓаните на Македонија да ги решаваат проблемите на мирен начин. 

„Како претседател на Владата на Србија и како избран претседател на Република Србија секогаш сум правел се за одржување на најдобри односи меѓу Белград и Скопје, меѓу Србија и Македонија. Мислам дека граѓаните на Македонија добро го знаат тоа и дека го почитуваат начинот на кој Република Србија се однесува кон граѓаните на Македонија, а и кон самата земја. Многу сум загрижен поради синоќешните случувања и мојата единствена порака е, а мислам дека луѓето во Македонија добро знаат дека тоа доаѓа од нивен искрен пријател, да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решаваат на мирен начин, и ако имам какво било право да кажам дека смирувањето на ситуацијата сосема сигурно е во најголем интерес и за Македонија и за нејзините граѓани“ -рече тој. 

Тој истакна дека, „ова веќе не е само македонски проблем, туку станува проблем и на сите нас кои живееме тука и најдобро е веднаш да ги прекинеме сите проблеми и да обезбедиме мир и стабилност за нашите деца“.

Слично

Поврзани вести