Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ одговори кога последен пат го видел Груевски

Вучиќ одговори кога последен пат го видел Груевски

Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ потврди дека се сретнал со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но при тоа изјави дека во тоа нема ништо спорно. За поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Вучиќ изјави дека Груевски не го видел во последните три години, а уште помалку го видел пред бегството.

За време на неговата денешна прес-конференција од страна на новинарите српскиот претседател беше запрашан за коментар во врска со неговата наводна вмешаност во случајот со Груевски и неговото бегство од Македонија, а по повод написи кои ги објави Н1, каде прво пишуваше дека премиерот Зоран Заев во интервјуто изјавил дека екс премиерот на Македонија, Никола Груевски пред бегството се сретнал со Вучиќ и Виктор Орбан, а неколку минути подоцна текстот и насловот беа исправени со тоа дека Заев изјавил дека средбата на Вучиќ и Орбан не била со Груевски, туку со Мицкоски.

Грешката на српските медиуми во однос на средбата со Вучиќ кусо по објавувањето беше поправена.

Груевски доби политички азил во Унгарија, а таму неколку пати беше „уловен“ додека се шета низ градот. 

Слично

Поврзани вести