Вучиќ од Минхен: Најголемата закана за Србија е воениот сојуз на Загреб, Тирана и Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Минхен изјави дека најголемата закана за Србија е воениот сојуз на Загреб, Тирана и Приштина.
Тој рече дека никогаш не видел толку многу луѓе во униформа и дека сите зборуваат за војна. Исто така, рече дека се зборувало за нуклеарна енергија, пренесе „Данас“. Како што додаде, внимателно го слушал германскиот канцелар и нагласил дека во светот се случуваат многу нови работи и дека не е сигурен дека „внимателно го следиме тоа“.
Претседателот на Србија изјави дека разговарал со Антонио Кошта и дека слушнал задоволство од случувањата во енергетскиот сектор и ревизијата на избирачкиот список, но дека ЕУ не е задоволна од промените во судските закони.
„Поставив прашање во врска со воениот сојуз меѓу Тирана, Загреб и Приштина, чекам одговор… можеби еден ден ќе го добијам, пред да преземат акција“, рече тој.
Тој рече дека нема да каже кој го одобрил тој сојуз.
фото принтскрин
