Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ очекува подобро односи со Хрватска со новиот премиер Пленковиќ

Вучиќ очекува подобро односи со Хрватска со новиот премиер Пленковиќ

Александар Вучиќ е подготвен за затоплување на односите со Хрватска како земја која може да и биде голем партнер на Србија во текот на евроинтеграциите. Поводот за ваквиот оптимизам е формирањето на нова влада во Хрватска која ќе ја предводи Александар Перковиќ од ХДЗ.

- Се надевам дека односите ќе бидат многу подобри и мислам дека Пленковиќ го мисли истото и се надевам на тоа иако немам докази дека ќе биде така, истакна Вучиќ за време на посетата во Хамбург, одговарајќи на прашањето како ги гледа односите на Србија и Хрватска откако лидерот на ХДЗ ја добил премиерската позиција.

Вучиќ е оптимист иако е свесен дека атмосферата не е идеална и меѓу двете земји се уште постојат многу рани од минатото и отворени прашања. Како еден од позитивните чекори е подобрување на положбата на хрватското малцинство во Србија, а Вучиќ за таа цел следната недела ќе се сретне со лидерите на оваа заедница.


Слично

Поврзани вести