Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Никако вакцинирање со сила, ќе има лотарија

Вучиќ: Никако вакцинирање со сила, ќе има лотарија

Додека претставниците на властите во Србија имаат намера да воведат нов вид стимулација за луѓето да се вакцинираат, во Грција и Франција се одржаа протести заради плановите за задолжителна имунизација на одредени групи жители и воведување на ковидни пропусници.

„Имаме устав кој вели дека сите граѓани се еднакви“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите.

"Како можам да му кажам на еден граѓанин дека може да оди во трговскиот центар затоа што е вакциниран, а на друг дека не смееме затоа што тој не е? Секој знае дека јас сум голем поддржувач на вакцинацијата. Но, како да го бранам тоа пред Уставот? “

Европскиот регулатор на лекови (ЕМА) ги повика земјите-членки на Европската унија да ги забрзаат програмите за вакцинирање поради забрзаното ширење на варијантата Делта.

Највисокиот суд во Шпанија донесе одлука дека строгото затворање поради пандемијата е неуставно.

Досега, повеќе од 187,7 милиони луѓе се заразени во светот, а повеќе од четири милиони починаа.


Слично

Поврзани вести