Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Ние ќе се реформираме, а ЕУ ќе одлучи дали ќе нe прими

Вучиќ: Ние ќе се реформираме, а ЕУ ќе одлучи дали ќе нe прими

Српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека спроведувањето на потребните реформи е потребно за Србија, но додаде дека одлуката за членството на земјата во ЕУ зависи од 28-члениот блок, објави електронското издание на белградското радио Б92. 

„Дали ќе не прифатат или не, зависи на крајот од ЕУ. Нашата улога е да ги извршиме неопходните реформи, да се промениме. Нашиот економски раст ја зголемува нашата вредност и ние ќе станеме важни, ако се справуваме подобро во меѓународните листи во развој на бизнисот, ако имаме повеќе фабрики и патишта. Тоа е од вонредна важност“, изјавил Вучиќ.

Тој додал дека Србија не треба да се мачи премногу од геополитичките прашања како претседателските избори во САД на пример. 

„Овие прашања се малку посложени, но ние не треба да се грижиме за нив премногу, иако ние Србите сакаме да ги решаваме меѓународните прашања. Клучното прашање за многу луѓе на Балканот е дали претседател на САД ќе стане Доналд Трамп или Хилари Клинтон, а не дали ќе изградиме 10 или 20 километри автопат“, додаде премиерот.

Слично

Поврзани вести