Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ не верува дека Макрон ќе го промени својот став

Вучиќ не верува дека Макрон ќе го промени својот став

Ги поддржувам Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите, но се плашам дека нема да добијат, а и за нас ќе бидат потешки процедурите, вели српскиот претседател, Александар Вучиќ. 

„Верувам дека во ноември ќе се видам со претседателот Макрон во Париз и тогаш ќе можам детално да разговарам со него, по што ќе се состанам и со Путин“, рече Вучиќ.

Тој во емисијата „24 сати“ на ТВ Пинк вели дека верува дека Франција ќе остане на својот став и дека бараат нова методологија за ЕУ.

Слично

Поврзани вести