Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ не сака да чуе за војна, Изетбеговиќ не е сигурен дека тоа нема да се случи

Вучиќ не сака да чуе за војна, Изетбеговиќ не е сигурен дека тоа нема да се случи

Не ми паѓа на памет да зборуваме за војна и за оние повици за војна, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој вели дека Србија сака партнерски и пријателски односи со Босна и Херцеговина (БиХ) и нејзиниот ентитет Република Српска. 

Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека соработката помеѓу РС и Србија во економски и друга смисла е досега најдобрата досега во историјата. Додик рече дека војната е неприфатлива и дека РС нема да се бори „дури и за нејзината независност“.

„Ние нема да водиме војна и ништо не може да се реши со војна. Ние повикуваме на разговори што ќе дадат решение за тоа како да се живее тука. Да се направат планови за развој“, рече тој.

Претседателот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ изјави дека не е сигурен дека во БиХ нема да има војна.

Во интервју за сараевската комерцијална телевизија Канал О, Изетбеговиќ потсети дека и неговиот татко Алија Изетбеговиќ сè до 1992 верувал во можноста за одржување на мирот, па на граѓаните пред почетокот на отворените конфликти им порачувал да спијат мирно бидејќи нема да има војна.

„Попрво би умрел отколку да дозволам оние кои извршија геноцид да завладеат со дел од Босна и Херцеговина. Дефинитивно“, кажа Изетбеговиќ.

Во нон пејперот на словенечкиот премиер Јанес Јанша, за кој тој негираше дека постои, а го објавија дел од медиумите во регионот, се споменува и поделба на БиХ. Германија е против промена на граници  на Балканот. 

Предлозите во нон пеjперот се следни:

- Обединување на Косово и Албанија, српскиот дел на Косово ќе добие специјален статус

- Обединување на поголемиот дел од територијата на Република Српска со Србија 

- Спојување на повеќето хрватски кантони во БиХ со Хрватска

- Формирање на независна држава на Бошњаците

Слично

Поврзани вести