Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука

Вучиќ: Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука

Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за договорот меѓу Скопје и Атина. 

Сепак, додава дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.

„Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржаа договорот“- изјави Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер.

Тој, меѓутоа рече, дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот, пренесува Танјуг.

„Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други да ја игнорирам“- вели  Вучиќ.

Додаде  дека посакува сѐ најдобро и успех на Македонија и Грција, затоа што како што рече, се работи за два братски народи.

Во Москва тој неодамна изјави дека Европа треба да ги почитува повеќе малите народи. 

„Стравувам и ми се чини дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се, мислат: ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш не со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ниту тоа, не е важно, тоа мора да биде така“- изјави Вучиќ додека беше во Русија. 

Наведе дека луѓето од Европа и светот треба да покажат почитување кон малите народи. 

Околу 72 отсто од Грците сакаат Грција да се повлече од договорот со Македонија, потврдија резултатите од анкетата за јавното мислење објавена од весникот Прото Тема. 

Слично

Поврзани вести