Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ најави дека осма држава го повлекува признавањето на Косово

Вучиќ најави дека осма држава го повлекува признавањето на Косово

Наскоро осма држава го повлекува признавањето на Косово, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој кажа  дека за Косово се борат на сите фронтови. 

„Нашиот одговор е решителен и ефикасен на обидите на Приштина да се зачлени во меѓународните организации. Верувам дека наскоро ќе имаме и осма држава која го повлекува признавањето на Косово, во следните недели ќе имам разговори. Во овој момент имаме повеќе земји кои не го признаваат Косово, од оние кои го признаваат“, наведе српскиот претседател.

Вели дека во последните 10 години Србија вложила повеќе во својот народ на Косово отколку во последните 40 години.

Инаку, на Косово Албанци нападнале и повредиле двајца Срби, татко и син кои завршија во болница. 

фото EPA - EFE

Слично

Поврзани вести