Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ најави дека можеби ќе си поднесе оставка

Вучиќ најави дека можеби ќе си поднесе оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е можно наскоро да поднесе оставка. Додаде дека неговиот мандат истекува и дека нема намера да прави политички потези какви што, според него, правел поранешниот претседател Борис Тадиќ.

„Можно е наскоро да поднесам оставка“, изјави Вучиќ пред новинарите во Пекинг, на почетокот од посетата на Кина. 

Тој притоа се осврна и на начинот на кој Тадиќ во минатото го скратил својот мандат.

„Нема да скратувам мандат со бесмислена формулација, бидејќи или поднесуваш оставка или си претседател до крајот на мандатот“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател ги коментираше и синоќешните студентски и граѓански протести на плоштадот Славија во Белград. Вели дека протестот бил „без добро осмислена содржина“, „испразнет“ и „не особено масовен“. Вучиќ ги обвини организаторите и за инцидентите што се случија по завршувањето на собирот. Тој рече дека три различни служби направиле проценка за бројот на присутни и дека бројките се движеле меѓу 30.500 и 34.300 луѓе.

По собирот, избија насилства и над 20 луѓе се приведени. 

фото Фејсбук/Александар Вучиќ

Слично

Поврзани вести