Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: На Северна Македонија и требаа наши инженери за обуки, но тешко вадеа работна дозвола

Вучиќ: На Северна Македонија и требаа наши инженери за обуки, но тешко вадеа работна дозвола

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на одржувањето на Самитот „Отворен Балкан“ во Тирана, овој вторник го започна со израз на 32-риот претседател на САД, Френклин Д. Рузвелт: Можеби нема да им ја подготвуваме иднината на нашите деца, но ние може да ги подготвиме нашите деца за иднината.

Според него, „Отворен Балкан“ е иницијатива за подготовка на иднината на децата, за да им се овозможи на граѓаните да се поврзат и да разменат искуства.

„Можеби нема да ја подготвиме иднината за нашите деца, но можеме да ги подготвиме нашите деца за иднината. Тоа е иницијатива која ќе ја креира иднината на нашите деца. Ако ги отвориме границите, најважна цел е да ги поврземе нашите граѓани, нашите луѓе. Оние кои повеќе размислувале за минатото отколку за иднината. За работните дозволи, би сакал да укажам со пример, фабриките што всушност ги имаме во Северна Македонија, им требаа инженери за обука од наша страна. Тешко беше да се добијат работни дозволи. Ќе го прошириме пазарот на труд со привлекување на повеќе компании кои доаѓаат од запад, ќе понудиме повеќе работни места, тоа ќе биде важно во иднина. Ова е основата, вистинската основа на најдобриот економски развој на нашите три земји. Ги слушнавме бизнисите на сите три наши земји. Трговијата ќе биде полесна, тоа се исклучително важни прашања за многу наши граѓани, рече Вучиќ во Албанија, пренесува Топ Чанел.


Слично

Поврзани вести