Вучиќ: Многумина мислат дека ситуацијата во Украина ќе биде надоместена со Косово
Ситуацијата околу Косово не е добра, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ вели дека Србија нема што добро да очекува во однос на Косово и Метохија и нагласи дека сега не се води дијалог со косовскиот премиер Албин Курти.
„Многумина мислат дека ситуацијата во Украина ќе биде надоместена со Косово, немаме ништо добро да очекуваме од разговорите за Косово и Метохија бидејќи не разговараме. Порано имавме дијалог, но сега со Курти го немаме“, кажа Вучиќ.
Вели дека сè оди кон протерување на Србите од таму и Србија да ја признае косовската независност.
„Јас сум голем скептик во тој поглед“, изјави српскиот претседател.
Вучиќ, по воената вежба „Штит 2022“ изјави дека Србија е чувар на мирот и стабилноста и дека така ќе биде и понатаму, но дека повеќе нема да биде нечија канта за удирање, пренесува РТС. Oткако почна војната во Украина, дел од албанските политичари рекоа дека ако можат Доњецк и Луганск да се обединат со Русија, зошто да не можат Косово и Албанија. На истото се повика и рускиот претседател Владимир Путин.
фото Фејсбук
