Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ: Курти само ќе драматизира и ќе се дере

ВУЧИЌ: Курти само ќе драматизира и ќе се дере

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не очекува ништо од средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел. Вели дека Курти ќе се дере и ќе драматизира. 

Тој ќе има три важни средби. 

„За реформите, што сѐ можеме да направиме, а имаме и уште еден проблем што треба да го решиме и ќе го решиме во следните 7 дена. Особено сум му благодарен на Шарл Мишел, денешниот ден беше различен и стратешки многу важен, а и многу сум среќен што можев да разговарам со него за сите важни прашања, како за Европската Унија (ЕУ), така и за нашиот пат кон ЕУ, но и за сите важни светски прашања. Многу важни и многу добри разговори. Нè очекуваат разговори со Борел и со Лајчак, а потоа и со Курти“, рече Вучиќ, на неговото обраќање кон српската нација, објави српски Б92.

Претседателот коментираше дека е задоволен од реизборот на Урсула фон дер Лајен за шеф на Европската комисија поради претходните односи и дека нема да го коментира потенцијалниот избор на Каја Калас.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ рече дека се спремни за компромиси со Косово, но тоа не значи дека едната страна целосно ќе изгуби, а другата ќе добие она што бара. 

Слично

Поврзани вести