Вучиќ: Косово, Хрватска и Албанија не формираа воен сојуз случајно
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека одбранбената соработка меѓу Косово, Хрватска и Албанија е насочена против неговата држава.
„Косово, Хрватска и Албанија не формираа воен сојуз случајно. Тие го формираа овој сојуз против Србија, а не против Австрија, Унгарија или Словенија. Србија нема да му наштети никому, туку ќе ја зајакне својата армија за да го заштити својот територијален интегритет“, рече српскиот претседател.
Албанија, Косово и Хрватска на 18 март потпишаа заедничка декларација за соработка во областа на одбраната.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ
Слично
