Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека нема да се размислува за промена на Уставот со цел да остане на претседателската функција, но притоа не ја затвори можноста во иднина да ја преземе улогата на премиер. Говорејќи на економскиот форум „Beltalks“ во Белград, тој истакна дека за таков чекор е потребна широка јавна поддршка и дека одлуката не е едноставна.
Вучиќ додаде дека се чувствува исцрпено од долгогодишната политичка ангажираност и дека би сакал функцијата еден ден да ја преземе друг. „Се надевам дека ќе дојде време кога некој друг ќе ја води оваа работа. Сум уморен, навистина“, рече тој.
Во обраќањето тој се осврна и на резултатите од неговото владеење, нагласувајќи дека Србија успеала да ја задржи економската стабилност во бурни времиња.
