Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА - штом пристигне новиот кинески контингент, на ред е и српскиот претседател

ВУЧИЌ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА - штом пристигне новиот кинески контингент, на ред е и српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е многу важно што побрзо да пристигне нов контингент вакцини од Кина во Србија, со цел да се забрза вакцинацијата на населението и да се овозможи економијата да работи.

За време на обиколката на работите на брзата пруга во Земун, Вучиќ, во разговор со амбасадорот на Кина, Чен Бо, рече дека тој самиот ќе се вакцинира кога ќе пристигне тој контингент вакцини.

Тој повторно го праша амбасадорот дали тие вакцини ќе пристигнат во Србија малку порано. Претседателот претходно најави дека уште 5 милиони дози од кинеската вакцина Синофарм ќе дојдат во Србија меѓу 5 и 10 април.

„Се гледаме следната недела на делот Преjина - Пожега, па дури и пред тоа ... Пак ќе ги чекам вакцините, дури и да не биде тоа најавено. И штом пристигнат, јас ќе бидам вакциниран првиот или вториот ден“, рече претседателот обраќајќи му се на кинескиот амбасадор.

Тој посочи дека е многу важно да се забрза вакцинацијата на населението за да може економијата да работи и да се отворат угостителски објекти.

Вучиќ напомена дека вакцинирањето треба да се побрза заради прославата на католичкиот Велигден и православниот Велигден и и се заблагодари на Кина за помошта.

Извор: Блиц   Фото: Б 92

Слично

Поврзани вести