Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ ќе се бори да се загрее секоја куќа и да има светлина во секоја куќа

Вучиќ ќе се бори да се загрее секоја куќа и да има светлина во секоја куќа

Цела Европа има планови за рестрикции на струјата, но не и Србија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Toj се надева дека Србија ќе има доволно пари за набавка на енергенси.  Вели дека државата ќе се бори „да се загрее секоја куќа и да има светлина во секоја куќа“.

Вучиќ рече дека набавката на енергетски производи ќе биде отежната во наредниот период, а како пример го наведе тоа што во моментов 1.000 кубни метри гас се продаваат за 3.300 долари. Но, по плаќањето на посредниците и транспортните трошоци, не може да се купи по цена пониска од 4.000 долари.

„Нема држава во Европа што може да го издржи тоа, а ние се трудиме да издржиме и да изградиме и да не почувствуваме ништо“, рече претседателот на Србија.

Цената на гасот урива рекорди во Европа. 

Слично

Поврзани вести