Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Ќе продолжам да ја делегитимирам државноста на Косово

Вучиќ: Ќе продолжам да ја делегитимирам државноста на Косово

Гордо ќе продолжам да ја делегитимирам државноста на Косово, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Што се однесува до косовскиот премиер, Албин Курти, Вучиќ изјави дека интересна му е неговата идеја за дијалог.

„Се плашам дека најмногу сака да разговара со себе. Нека прават што сакаат и што можат, тие само покажуваат дека никогаш не сакале дијалог“, вели српскиот претседател.

Вучиќ сугерира дека тој и понатаму ќе продолжи да ја делегитимира државноста на Косово.

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ, вели дека Албин Курти не би бил во можност да биде кандидат за премиер на косовските институции во Приштина, ако владата на Воислав Коштуница и министрите на ДОС не донесеа закон за амнестија на албанските сепаратисти на Косово и Метохија, вклучувајќи го и Курти, бидејќи во спротивно, како што рече Дачиќ, тој ќе беше во затвор до пред некоја година.

Слично

Поврзани вести