Вучиќ: Ќе одговориме ако протестите се претворат во „Македонско сценарио“
Новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ денеска посочи дека го почитува правото на протести, но доколку тие излезат од контрола, станат насилни и започне да се реализира т.н. „Македонско сценарио“ тогаш ќе има соодветен одговор од српската држава.
– Додека сакаат нека протестираат, се додека е мирно, додека не ги загрозуваат правата на другите граѓани. Кога говорев во предизборната)кампања дека се подготвува таканаречено македонско сценарио во кои одредени претседателски кандидати, одредени политичари ќе се обидат со насилство да остварат се што не можат преку волјата на народот, тие ми велеа дека не е вистина. Ако сакаат можат да протестираат уште 10 години, но само мирно, рече Вучиќ.
Слично
