Вучиќ ќе го праша Макрон кој од регионот може во ЕУ, а кој не
Српскиот претседател, Александар Вучиќ за в понеделникот најави нова средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, и ќе го ќе праша кој може да влезе во ЕУ.
Важно е, рече тој, ЕУ да одлучи за понатамошниот европски пат за земјите од Западен Балкан.
Претставниците на ЕУ, рече тој, не можеа да дадат прецизни и јасни одговори за иднината на нашиот регион.
Српскиот претседател вели дека не можел да добие одговор од претставниците на светските центри на политичката моќ на прашањето каква е иднината на регионот.
Но, вели дека ќе продолжат да работат и да прават реформи за доброто на граѓаните.
„Сакаме да ја подобриме нашата економија. Сакаме да продолжиме да го забрзуваме растот. Ќе го задржиме растот на над 3,6 проценти“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека треба да се донесе одлука за тоа кој може брзо да влезе во ЕУ, кој не може, или дали може да се добие пристап до структурните фондови ако се затворат или отворат поглавјата, или за припадноста на единствениот економски пазар.
Тој рече дека не го разбира целосно ставот на ЕУ дека десет земји од еврозоната, наводно, издржуваат 17-те други земји што се денес во ЕУ, што се користи како аргумент дека не им требаат уште четири, пет или шест држави на Западен Балкан.
фото ЕПА
