Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ ќе бара помош од Путин за Косово

Вучиќ ќе бара помош од Путин за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави вечерва дека за два дена ќе има средба со претседателот на Русија, Владимир Путин и дека во таа пригода ќе го извести за моменталната ситуација на Косово и Метохија.

Тој додал и дека во текот на денот бил известен и рускиот амбасадор, како и амбасадорт на САД и други важни амбасадори

„Ќе го известам Путин за сѐ и ќе барам негова поддршка и совет“- изјави Вучиќ на вонредна конференција за новинарите, пренесува intermagazin.rs

На прашањето дали од Путин ќе бара помош од руската војска, како што своевремено бараше сириската влада, Вучиќ истанал дека би сакал Србија, во почит за граѓаните на Сирија, да биде мирна земја, со успешна економија, земја на иднина, а не да биде претворена во пекол.

Вучиќ навел и дека во секој случај ќе го извести претседателот на Русија за сите случувања и ќе бара негова поддршка на сите меѓународни форуми, ама и ќе укаже на лицемерието со кое се соочуваме на дневно ниво и ќе побара совет од него.

Градоначалникот на местото Зубин Поток, Стеван Вуловиќ, рече дека ако претседателот на Косово, Хашим Тачи, следниот пат кога дојде ненајавено во северниот дел на Косово и Метохија", ќе биде во можност да влезе", но не гарантира дека „со сигурност ќе биде во можност да излезе" и ја оцени посетата на браната и езерото Газивода како класична провокација.

Десетици косовски специјалци вчера упаднаа во Центарот за екологија и развој на спортот во Зубин Поток на Косово. 

Местото се смета за стратешко за опстанок на косовските Срби, бидејќи таму има централа со голема можност на производство на струја. Вуловиќ во текот на целиот настап пред медиумите го ословуваше Тачи со зборовите „ѓубре“, „бараба“ и „криминалец“.

Слично

Поврзани вести