Вучиќ ќе бара од КФОР до илјада српски војници да се вратат на Косово
Донесена е одлука сега во електронска форма, а утре изутрина лично, да доставиме барање до командантот на КФОР одреден број, од стотици, до илјада, наши сили да се вратат во КиМ, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Ова е прв пат српската влада да усвои вакво барање, на моја иницијатива. Се шпекулираше дека господинот Ѓинѓиќ го направил тоа во 2003 година, но не го сторил. Тој испратил писмо, но тоа не било формално и законско“, рече тој.
Претседателот повтори дека очекува КФОР да не го прифати.
„Кога ги прашав претставниците на меѓународната заедница, кажете ми еден договор што ќе го почитувате. Добив конкретен одговор - нема. Ние го почитуваме само она што ни одговара“, рече Вучиќ, пренесе Курир.
Но, косовските власти не сакаат ни да слушнат за враќање на српската војска на северот на Косово.
И албанскиот премиер Еди Рама се изјасни дека е против и дека тоа е нелогично.
