Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ кажа до која граница ќе го трпат насилството на Курти

Вучиќ кажа до која граница ќе го трпат насилството на Курти

ЕУ и САД знаат до која граница ќе го трпиме насилството на Курти, вели претседателот на Србија Александар Вучиќ. 

Тој изјави денес дека е загрижен околу информацијата дека тројца Срби биле претепани од припадници на специјалните сили на косовската полиција во близина на административниот премин Брњак. Српскиот претседател кажа дека нови обиди за физичко загрозување, или прогон на Србите „нема да се случи“.

„Тоа е прашање за НАТО и ЕУ зошто тоа го дозволуваат. Ние јасно им кажавме кои се границите до која мера ќе го трпиме насилството на (премиерот на Косово) Аљбин Курти и нивните сили. И тоа го знаат Европејците и Американците, многу, многу прецизно им кажавме. И многу прецизно кажавме кои се нашите потези и по кој редослед одат“, кажа Вучиќ. 

Вучиќ кажа дека е „добро што важи Бриселскиот договор“ и додаде дека утре очекува итен состанок на Управувачкиот тим за Заедницата на српски општини (ЗСО).

Српската државна телевизија РТС, објави дека „двајца од тројцата Срби кои утрово беа претепани од припадниците на специјалните полициски единици Росу на административниот премин Брњак, се здобија со тешки телесни повреди и беа хоспитализирани на хируршкото одделение на КБЦ Косовска Митровица“.

Директорот на КБЦ Косовска Митровица Златан Елек за РТС рече дека „повредите што произлегуваат од ударите се најверојатно со кундаци од пушка и со нозе.

Веќе неколку денови има тензии, а проблем се регистарските таблички на возилата. 

Слично

Поврзани вести