Вучиќ кажа дали и кога ќе воведе санкции за Русија
Санкции против Русија само ако над главата ни виси „Дамоклов меч“, вели српскиот претседател Александар Путин.
Тој денеска кажа дека само под тие услови ќе воведат санкции против Русија. Но, српскиот претседател објасни дека сега ситуацијата не е таква. Вучиќ рече дека од почетокот на војната во Украина, Белград издржал „270 дена најтежок притисок во современата српска историја“.
Вели дека неговата земја не отстапува од политиката која се заснова на чување на меѓународното јавно право, осуда на оние кои тоа право го кршат и влегуваат на територијата на други земји, но и на ставот да нè води политика на санкции.
„Тоа што ќе слушнам од милион страни дека нешто морам, па гледате дека не морам. Ако и кога ќе морам, не поради себе туку поради нацијата, тогаш ќе излезам пред народот и ќе го кажам тоа“, кажа Вучиќ.
Србија е една од ретките земји која не воведе санкции против Русија.
Но, и Унгарија покажува поразлични ставови од оние на Европската Унија(ЕУ). Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера остро ја искритикува Унгарија за блокирањето на финансиската помош од 18 милијарди евра за Украина и ја обвини Будимпешта дека „игра покер“ со ситуацијата.
