Вучиќ: Kапете се на море, па потоа ќе се капете и во зима, само не знам дали во ладна или топла вода
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека се подготвуваат за зимата, а како што кажа државата крвари. Нагласи дека цената на горивото брзо расте.
Српскиот претседател изјави и дека новата влада ќе мора да работи напорно.
Тој додаде дека за некои други, од други земји, кои се полоши од Србија, најважно е да одат на море и им порача „само вие капете се на море, па потоа ќе се капете и во зима, само не знам дали во ладна или топла вода“. Вучиќ, денеска изјави дека е озлогласена лага да се размислува за продажба на електроенергетската индустрија на Србија (ЕПС).
фото Принтскрин
Слично
