Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Како во Каталонија не важи референдумот, а во Косово може и без референдум

Вучиќ: Како во Каталонија не важи референдумот, а во Косово може и без референдум

“Како да се каже”,  зошто ние Србите бевме толку лошо третирани? “Како така во Каталонија не важи референдумот, а во Косово може и без референдум”, праша српскиот претседател, Александар Вучиќ за време на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега, Прокопис Павлопулос .

Вучиќ вели дека ставот на Европската унија за референдумот во Шпанската автономна покраина Каталонија, според кој е нелегален, е најдобриот пример за двојни стандарди и хипокризија во светската политика.

„Си играа  со иднината на државата, со  прекројување на границите на Балканот, но денес не им е е до игри, кога мечка тропна и на нивната врата. Сега ситуацијата е многу сериозна“- изјави Вучиќ. 

Сепак Вучиќ додаде дека Белград сé уште гледа кон ЕУ најмногу поради видот општество на кое земјата сака да припаѓа, и цел  за подобрувањето на економијата.

Вчера и премиерката Ана Брнабиќ најави дека ќе пратат писмо до Брисел и ќе бараат одговори по ова прашање, но оттаму одговорија дека ситуацијата со Косово била специфична и дека Косово не е во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести