Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Јас сум татко како оној од „Ние не сме ангели“

Вучиќ: Јас сум татко како оној од „Ние не сме ангели“

Немам доволно време за децата, а инаку јас сум сличен на таткото од филмот „Ние не сме ангели“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи утрово на ТВ Пинк.

„Немам доволно време за децата. Данило е голем и сè помалку му требам, задоволен сум што станува се посериозен и знае дека мора да се бори сам низ животот. Не ми беше лесно сите овие години, стана сериозна мета за сите оние кои би сакале мојата глава. Што се однесува до Милица, таа е девојка на одличен татко. Ние Вучиќ не сакаме да зборуваме многу за емоциите. Кај нас е срамота да се зборува за емоции. Замислете јас, татко, брат или Данило да зборуваме за тоа. Милица отсекогаш била сериозна и одговорна, успешна, зборува три јазици како што го зборува српскиот, сега учи уште три јазици. Понекогаш кога ќе облече фустани или здолништа и викам да се подолги, на што се смее, си мисли таткои и е луд,, рече Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк.

Говорејќи за семејството, Вучиќ додаде дека во моментов има проблем да ги купи сите различни модели на тенкови, кои сега најмногу ги сака неговиот најмлад син Вукан.

„Три и пол годишен е и не знам каде го слушнал тоа, веројатно во цртан филм, но често ми вели „Тато, ќе те тепам како мачка и пиле“. Сака играчки, доби еден од тенковите Кобра, а потоа слушна дека хеликоптерот бил убиец на тенкови, и бара уште. Јас досега купив седум такви играчки, не знам каде на друго место да ги купам “, рече Вучиќ.

На прашањето дали е сличен на таткото од филмот „Ние не сме ангели“, Вучиќ одговара:

„Јас сум, јас сум многу сличен. Милица се смее, понекогаш се шегуваме така “.


Слично

Поврзани вести