Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ ја „спукал“ со американските маринци на Халовин забава

Вучиќ ја „спукал“ со американските маринци на Халовин забава

Односите меѓу српската влада и американската амбасада се драстично влошени откако двете страни си разменија серија на остри зборови. Најпрво американскиот амбасадор Кајл Скот дал непримерни изјави за рушењето и градежните активности во населбата Савамала каде има и протести на населението, пренесува Блиц. 

Српската влада го предупреди дека не му доликува да се меша во внатрешните работи на Република Србија, за потоа министерот за внатрешни работи Стевановиќ да укаже дека во САД секој ден има протести поради убиствата на невооружени афроамериканци кои полицијата ги застрелува само поради различната боја на кожата. 

Обид за помирување бил направен со договорена прослава на празникот Халовин во американската амбасада во Белград, но тука бил достигнат врвот. Американските маринци го пречекале со црни маици на кои било испишано „Savamala Demolition Team“, алудирајќи на рушењата за градежниот проект. На тоа Вучиќ одговори дека американските маринци се „тупави“ и немаат добра смисла за хумор, велејќи дека длабоко ја навредиле позицијата премиер на Србија. 

Односите меѓу САД и Србија се најзатегнати во последните години, особено по изјавите на Вучиќ дека се активирале бројни странски тајни служби и дека еден висок функционер на Српската тајна служба им пренесувал државни тајни. Ова следи по откриеното големо количество на оружје во близина на резиденцијата на Вучиќ во населбата Јајници со претпоставка дека му се подготвувал атентат.


Слично

Поврзани вести