Вучиќ ја искоментира изјавата на Меркел дадена во Скопје
По изјавата на германската канцеларка, Ангела Меркел дадена денеска во Скопје, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека територијалниот интегритет е појдовна точка за тоа дека Балканот треба да остане каков што е, дека е тешко да се одговори на прашањето – зошто за некои во регионот тоа важело во 2008, а денес не важи.
Вучиќ ова го изјави при посетата на браната Газивода во Косово. Тој има само едно прашање до Ангела Меркел, а тоа како тоа важело во 2008 година, а денес не важи.
За идејата за разграничување, Вучиќ вели дека неговата сила е минимална во споредба со неа, но дека ќе стори сѐ за решавање на косовскиот проблем.
фото Танјуг
Слично
