Вучиќ избра нов министер за финансии
Душан Вујовиќ ќе биде нов српски министер за финансии, одлучи премиерот Александар Вучиќ. Вујовиќ досега беше министер за економија, па сега ќе се бара нов прв човек на овој ресор, објави Вучиќ.
По оставката на Лазар Крстиќ на позицијата министер за финансии, Вујовиќ го покриваше и овој ресор, а сега во целост го презема. Крстиќ неодамна си поднесе оставка, поради несогласувањата со премиерот Александар Вучиќ за мерките за штедење што мора да ги преземе Србија.
Крстиќ бараше големи кратења и силни рестрикции на трошоците, како и 160.000 отпуштања од јавниот сектор, додека Вучиќ не беше спремен на ваков чекор.
Српскиот премиер сега најавува дека пред 4 август, кога истекуваат 100 дена од мандатот на овој состав на српската Влада, ќе има многу смени на директори на јавни претпријатија.
„За нас е најважна реформата на јавните претпријатија и таму каде доцневме во првите сто дена ќе одработиме, ќе има смени на директори на многу фирми и тоа пред 4. август“, рече Вучиќ, додавајќи оти директорите ќе бидат избрани на конкурс.
Слично
