Вучиќ има важна порака за Македонија која гласаше за Косово во Интерпол
Српскиот претседател, Александар Вучиќ има порака до Македонија и Црна Гора.
Тој вели дека со гласањето за прием на Косово во Интерпол, Црна Гора и Македонија покажале дека Приштина им е многу поважна отколку Белград и додаде дека Србија во иднина ќе се однесува „одговор и сериозно, но во согласност со ситуацијата“. Вели дека пораката на двете земји добро ја разбрале.
„Сакаме добра основа, но ги сфативме нивните приоритети“ – рече Вучиќ.
Министерот за одбрана, Александар Вулин, побара претходно Белград да го промени својот став кон Црна Гора и Македонија и поради поддршката за учество на Косово во Интерпол.
Сепак, Косово не успеа да влезе во Интерпол. Вулин во соопштение до јавноста го повика Вучиќ „да го промени односот спрема Црна Гора и Северна Македонија и да им покаже дека пријателството со Србија мора да се заслужи“. Тој оцени дека Подгорица и Скопје го поддржале „влегувањето на косовскиот нарко картел“ во полициска организација и „застанале на страна на Косово свесни дека со тоа ја навредуваат Србија.
„Претседателот Вучиќ во Владите на Црна Гора и Северна Македонија нема искрени соговорници, а Србија нема пријатели“, наведе Вулин во соопштението.
Ова e трет обид на Косово да стане членка на Интерпол. Амбасадите на САД во Белград и на Велика Британија во Приштина, оценија дека одлуката Косово да не се прими во Интерпол е разочарувачка, додека амбасадорот на Русија, Александар Чепурин, му честиташе на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за, како што напиша на „Твитер“, одличната работа во Дубаи.
