Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Има „совршена бура“ во енергетскиот сектор, загрижен сум за зимата

Вучиќ: Има „совршена бура“ во енергетскиот сектор, загрижен сум за зимата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека наредната недела детално ќе презентира за подготовките за претстојната зима. Се оди во погрешна насока и како да се создава некаква „совршена бура“, многу сум загрижен за зимата, вели Вучиќ.

- Денеска состојбата со нафтата е нешто поповолна, но за нас неповолната состојба настанува де факто од 1 ноември, а со гасот од ден на ден е се понеповолна, но не за нас, туку за сите други во Европа. Но, кога за сите други во Европа, гасот расте, па ни поскапува за дополнителни милијарди кубни метри гас што треба да го купиме покрај обезбедените (од Русите по пониска цена) две до 2,2 милијарди кубни метри, рече Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој посочи дека сега речиси најскапи се јагленот и струјата во летните месеци.

- Сè оди во погрешна насока и тоа е како некаква „совршена бура“ и многу сум загрижен за зимата, но правиме и ќе правиме сè. Кога велам вакво нешто, не значи дека сме да се повлечеме или да не правиме се што можеме, посочи Вучиќ.


Слично

Поврзани вести