Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ им одговори на Хрватите и Бошњаците за Тесла и за Сребреница

Вучиќ им одговори на Хрватите и Бошњаците за Тесла и за Сребреница

Српскиот претседател Александар Вучиќ за Тв Пинк одговори на актуелни прашања и спорови кои ги имаат со Хрватите и Бошњаците. 

За тоа дали секој Србин што не се согласува со терминот геноцид за Сребреница треба да биде на потерница на Интерпол, Вучиќ одговори дека со Бошњаците треба да се градат пријателски односи, пренесува Телеграф.

„Мораме да разговараме и да се почитуваме, а не едни на други да забодуваме нож во грб. Мора да отвориме дијалог оти ние го споделуваме просторот со Бошњаците“, рече Вучиќ.

Вучиќ одговори и на прашање поврзано со научникот Никола Тесла кој Хрватска планира да го стави на банкноти.

„Никола Тесла е Американец со српско потекло. Тој е човек чиешто семејство е убиено затоа што му припаѓало на српскиот род“, изјави тој.

За односите со Хрватска, Вучиќ рече дека нему му е важно сочувувањето на границите.

„За првпат нашиот БДП е поголем од хрватскиот. Тоа е успех на Србија и јас ја разбирам нивната потреба да на омаловажат Србија оти ние растеме“, додаде Вучиќ. 

Во последно време се вжештија односите на релација Србија - БиХ и Србија - Хрватска. 

Се појави видео во кое Сојузот на независни социјалдемократи на Милорад Додик повикува на одбрана на Република Српска. 

Брус Ли има повеќе врски со Србија од Никола Тесла, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Вели дека Србија може да го именува аеродромот во Белград по Брус Ли, бидејќи, како што рече, тој има врски со Србија, како и со Тесла.

Слично

Поврзани вести