Вучиќ игра шах на пауза во Брисел
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил „будуќностсрбијеа“ објави фотографија на која игра шах со соработник „додека го чека завршувањето на билатералната средба Приштина-Брисел“, по трилатералната средба Брисел-Белград-Приштина.
Состанокот на делегациите на Белград и Приштина, со посредство на Европската унија, започна утрово во осум часот со одвоени средби меѓу косовскиот премиер Аљбин Курти, високиот претставник Јосеп Борел и специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак, по што следеа средби со белградската делегација.
Трилатералната средба почна претпладне, а засега нема вести дали ќе се дојде до решение за регистарските таблички, бидејќи најавите од Приштина се дека од утре до 21 јануари ќе трае втората фаза според која граѓаните од север кои имаат српски таблички со имиња на градови од Косово изрекуваат казни во висина од 150 евра.
Фото: Принскрин/Инстаграм