Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

Вучиќ и Вулин се скараа со Радев околу „српски“ и „бугарски свет“

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека европските институции треба сериозно да го сфатат, како што вели, проектот „српски свет“. Во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС, тој рече дека ова прашање е исклучително чувствително и за Бугарија.

„Западниот Балкан е критична точка за безбедноста и целото внимание на Европската Унија е насочено таму“, рече бугарскиот претседател.

Радев додаде и дека таканаречениот „српски свет“ е исклучително чувствително прашање и за Бугарија.

Тој претходно се осврна на Србија и без влакна на јазикот најави дека ќе ја преиспита поддршката за европскиот пат на Белград и прецизираше зошто.

„Главниот критериум според кој ќе го оценуваме и ќе го поддржуваме напредокот на земјите од Западен Балкан е токму положбата на нашите сонародници во секоја земја“, вели тој. 

БГНЕС, исто така, го пренесе и одговорот на српскиот претседател Вучиќ, кој во Брисел рече дека Бугарите измислиле „српски свет“.

„Можеби тие имаат „бугарски свет“. Никогаш во животот не сум го кажал тоа, но им беше погодно бидејќи го претворија во страшило и за да ја оправдаат својата антисрпска политика, го користеа овој израз“, одговори Вучиќ, пишува Блиц.

Во медиумите денеска кружи и изјавата на Александар Вулин, блискиот соработник на Вучиќ, кој рече дека обединувањето на сите Срби не може да се спречи и дека „Бугарите треба да палат свеќи и да молчат“, пренесе БГНЕС. 

фото БГНЕС

Слично

Поврзани вести