Вучиќ и вети на Меркел: Србија ќе направи се за да ја зачува стабилноста!
Ангела Меркел во долгиот и пријателски разговор изрази поддршка на европскиот пат и реформите кои Србија на тој пат мора да ги спроведе.
Премиерот на Србија Александар Вучиќ разговараше денеска со германската канцеларка Ангела Меркел соопштуваат од Српската Влада.
Тема на разговорот беше регионалната стабилност, а Вучиќ рекол дека Србија, без оглед на инцидентите кои се случија на фудбалскиот натпревар со репрезентацијата на Албанија, ќе направи се да ја сочува политичката и економската стабилност во земјата и целиот регион, се наведува во соопштението.
Вучиќ и Меркел се согласиле дека создавањето на добриот бизнис амбиент во Србија е важен услов за унапредување на билатералните економски соработки.
Слично
