Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ и Рама телефонски разговараа, ама посетата се договорија да ја одложат

Вучиќ и Рама телефонски разговараа, ама посетата се договорија да ја одложат
Планираната посета на албанскиот премиер Еди Рама во Србија се одлага за 10 ноември. Ова беше одлучено откако посетата која се најавуваше како историска, падна во сенка на инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија минатата недела. Рама требаше да пристигне во Белград в среда и тој најавуваше дека не сака посетата да ја откаже, но по инцидентот што дополнително ги залади албанско-српските односи било одлучено посетата да се одложи. За одлагањето двајцата премиери издале заедничко соопштение, а разговарале и телефонски во обид да ги смират страстите по зовриената фудбалска атмосфера. „И натаму постојат јасни несогласувања околу тоа како дојде до тој инцидент, но не смееме и нема да ја пропуштиме можноста да се сретнеме и да работиме на одржување на регионалната стабилност“, се согласиле двајцата по разговорот. Рама и Вучиќ притоа нагласиле дека случувањата на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, кој во Белград беше прекинат во 41 минута, се исклучително несреќни и дека е време да се сврти нова страница во политичките и економските односи меѓу двете земји.
Слично

Поврзани вести