Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ и Курти се смируваа во Брисел со кока-кола и хамбургери

Вучиќ и Курти се смируваа во Брисел со кока-кола и хамбургери

Враќањето на средбите на високо ниво во дијалогот Косово-Србија, по пауза од 1 година, обезбеди моменти кои беа широко коментирани на социјалните мрежи. Протече фотографија од состанокот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиопт премиер Албин Курти која го привлече вниманието. 

Двата лидери беа послужени со газирани пијалоци и хамбургери на преговарачката маса меѓу страните.

„Лажен дијалог со лажни пијалоци“, „ЕУ да отвори синџир за брза храна“ беа дел од коментарите кои веднаш ги преплавија социјалните мрежи придружувајќи ги објавите и сликите од средбата.

Српските медиуми го коментираа говорот на телото на учесниците. „Курти мирен и насмеан, додека Вучиќ е како на погреб“, беше насловот на еден од медиумите.

На средбата ќе се разговара за бројни нерешени прашања меѓу двете земји. Како што може да се види на фотографиите, се е под патронат на специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Мирослав Лајчак.


Слично

Поврзани вести