Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ И КОВАЧЕВСКИ КАКО ВО СТУДЕНТСКИ ДЕНОВИ, фотографијата како седат на скали собра мноштво коментари

ВУЧИЌ И КОВАЧЕВСКИ КАКО ВО СТУДЕНТСКИ ДЕНОВИ, фотографијата како седат на скали собра мноштво коментари

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се наоѓа на Самитот во Прага на иницијативата за формирање на Европска политичка заедница, на својот Фејсбук профил објави фотографија со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека се чуствува како во студентските денови.

- Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба - напиша Вучиќ во описот на фотографијата.

На оваа фотографија Вучиќ доби многубројни коментари и пофалби од неговите „фанови“. Во коментарите кои ги оставаа тие го пофалија што заедно со премиерот на Македонија се вистински пријатели, но и поради нивната едноставност. 

Слично

Поврзани вести