Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ го враќа полицискиот час

Вучиќ го враќа полицискиот час

Се враќа полицискиот час во Белград. 

Во градот од среда ќе биде забрането секое јавно собирање на повеќе од 5 лица и во затворени простории и на отворено. 

Од петок до понеделник се воведува полициски час, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Мерките се воведуваат поради влошена епидемиолошка ситуација поради  коронавирусот, а ситуацијата е најтешка во Белград.

Вучиќ рече дека ќе биде овозможено во одредени моменти излез на мајки со деца, пензионери и сопственици на домашни миленици.

„Најтешкиот бран на коронавирусот го очекуваме околу 1 ноември“, рече Вучиќ.

Во последните 24 часа во Србија починале уште 13 лица од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. 

Потврдени се 299 нови случаи на зараза, вкупно 16.719 досега. Од почетокот на епидемијата во земјата починале вкупно 330 луѓе, а процентот на морталитет се зголеми на 1,97 отсто.

фото Курир.рс

Слично

Поврзани вести